Ивановски фуриозно до четвртфинале на фјучрсот во Австрија

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски на убедлив начин се пласираше во четвртфиналето на ИТФ фјучрсот во австрискиот Крамшах.

Ивановски во осминафиналето со максимални 2-0, по сетови 6-1 и 6-2 славеше над домашниот тенисер Сил Гачери.

Во четвртфиналето нашиот тенисер за противник ќе го има подобриот од мечот меѓу вториот Австриец, Коп и Белгиецот, Гадамаури.

Се вчитува...