Ивановски и Хусеиновиќ елиминирани во двојки на фјучрсот во Австрија

Македонските тенисери Калин Ивановски и Елдин Хусеиновиќ испуштија шанса да играат полуфинале на фјучрсот во австрискиот град Крамсах. Во денешното четвртфинале се поразени од Американците Николас Бибел и Џејми Вејнси. со 2-1 во сетови (6-4 4-6 10-6).

Во првиот сет беше изедначено до самиот крај кога по 4:4 во гемови, Американците поведоа со 5-4, а во 10.тиот гем направија брејк и го добија сетот со 6-4 во гемови. Во следниот сет македонскиот тандем направи брејк на почетокот на сетот и поведоа со 3-0 и предноста ја сочуваа до крајот и се изборија за решавачки сет откако вториот сет заврши со 6-4 за Ивановски и Хусеиновиќ.

Во решавачкиот сет македонскиот тандем поведе со 4-1 и 5-2 во поени, но Американците направија серија од седум поени. Сетот заврши со 10-6 во поени за Американците.

Се вчитува...