Ивановски и Хусеиновиќ поразени во двојки на фјучрсот во Сетубал

Македонската комбинација Калин Ивановски и Елдин Хусеиновиќ го загубија мечот од првото коло во двојки на фјучрсот во португалскиот град Сетубал што се игра за награден фонд од 25.000 долари. Тие попладнево загубија од вторите носители Американците Треј Хилденбранд и Ноа Шахтер со 2-0 во сетови (75 61) за еден час игра.

Неизвесност имаше во првиот сет кога американската коминација поведе со 4:1 и 5:2 во гемови, а потоа во деветиот гем при 5:3 за Американците Калин и Елдин направија брејк, а потоа го освоија и следниот гем со што изедначија на 5:5. Сепак во 12.тиот гем противниците го добија гемот и со тоа и сетот со 7:5. Во вториот сет по 1:1 вторите носители направија серија од пет гема и сетот и мечот го завршија со 2-0.

За најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски кој е рангиран како трет носител утре следува и мечот од вторто коло во поединечна конкуренција против Португалецот Франциско Роча, кој со 2-0 во сетови го победи сонародникот Дуатре Вале. Почетокот на мечот е во 13 часот.

Се вчитува...