Ивановски и Србљак се пласираа во второто коло

Македонскит тенисери Калин Ивановски и Горазд Србљак ги минаа првите пречки на фјучерс-турнирот што се одржува во Скопје, пласирајќи се во втората рунда од ова натпреварување.

Ивановски денека за противник го имаше Колсон од Белгија, успевајќи да се врати од негатива од 0-1 во сетови и со пресврт да стигне до победата. Калин најпрвин блесна во вториот сет добивајќи го со 6-2, за потоа во решавачкиот сет најпрвин да прокоцка брејк-предност, за сепак да блесне во клучните моменти и да ја искористи втората меч топка за победа од 6-4. Негов ривал во второто коло ќе биде Хрватот Бил, кој денеска славеше со 2-0 над Шуберт од Чиле.

Горазд Србљак неочекувано лесно и убедливо ја доби македонската пресметка со Томислав Јотовски, совладувајќи го сонародникот со преубедливи 6-0, 6-2. Следен противник на Србљак ќе биде победникот од последниот меч на денешната програма, дуелот меѓу Германецот Доминик Граф и Турчинот Киркин.

Се вчитува...