Македонскиот атлетичар, Дарио Ивановски, го освои седмото место на трката на 10.000 метри на Медитеранските игри кои се одржуваат во Таранто, Италија.
Ивановски делницата од 10.000 метри ја истрча во време од 29:58.82 минути што беше доволно за седма позиција од десет натпреварувачи.
Ова време на Ивановски е за околу 50-тина секунди поспоро од неговото најдобро време на 10.000 метри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
