Ивановски не успеа да ја задржи предноста – пораз во првото коло од јуниорскиот УС Опен

Најдобриот млад македонски тенисер, Калин Ивановски го заврши настапот на јуниорскиот УС Опен во првата рунда откако загуби од Американецот Николас Хенг со 1-2 (7-5, 3-6, 3-10).

Ивановски одлично го започна мечот и успеа да стигне до предност од 7-5 по првиот сет, меѓутоа не успеа и да ја задржи добрата форма. Американецот успеа да изедначи во вториот сет кој го доби со 6-3, а потоа славеше и во одлучувачкиот трет сет со 10-3.

Зад Калин Ивановски е успешна сезона во која успеа да стигне и до осминафиналето на Вимблдон каде по долга борба беше елиминиран од Британецот, Џек Пенингтон Џоунс.

Се вчитува...