Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски не успеа да го мине првото коло на АТП Челинџерот во Мајорка, Шпанија, кој се игра за награден фонд од 73.000 долари.
Ивановски се судри со португалскиот ас Жоао Соуза, кој пред три години беше и на 28. место на АТП листата, и загуби по два часа борба со 4-6 и 6-7 (5).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА