Ивановски победнички на стартот на фјучрсот во Монастир

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски победнички го стартуваше настапот на ИТФ фјучрсот во тунискиот Монастир.

Тој на стартот на 15.000 американски долари вредниот турнир славеше над квалификантот од Словачка Лукас Павлович со максимални 2-0, по сетови 6-4 и 6-2.

Во второто коло Ивановски за противник ќе го има Мароканецот, Адам Мундир кој е 688 на АТП листата.

Се вчитува...