Ивановски потпиша за унгарски Диошѓер (ФОТО)

Повремениот македонски репрезентативец Мирко Ивановски кариерајата ја продолжува во унгарскиот прволигаш Диошѓер.

По разделбата со сплитски Хајдук, Ивановски ја прифати понудата за засилување на нападот на Диошѓер, кој лошо ја почна сезоната со четири порази од пет натпревари.

„Среќен сум што доаѓам во Диошѓер. Брзо се договоривме за соработка, верувам дека ќе помогнам на тимот за подобри резултати во иднина“ – истакна Ивановски на денешната промоција во дресот на новиот клуб.

 

Се вчитува...