Ивановски: Пресудија искуството и возраста

Еден од најмладите состави во Прва лига во женска конкуреција и убедливо најмладиот тим во Купот на Македонија, Крива Паланка одигра достоен натпревар против фаворизираниот Бадел во полуфиналето на натпреварувањето, но не успеа да стигне до првото клупско финале.

Избраничките на Мирослав Ивановски по воведниот грч во првата четвртина, одлично парираа на искусните кошаркарки на Бадел, во третата четвртина од мечот имаа и серија од 10-2 со која ја намалија високата предност на фаворитот, но сепак на крајот пресуди искуството.

„Што се однесува до нашиот натпревар, првото полуфинале, пресудно беше искуствто и возраста. Би сакал да им ја честитам победата на Бадел 1862. Да не се повторуваме, ние сме една од најмладите екипи воопшто во првенството така што ова што сме сепак сме дел од оваа завршница на Купот на Македонија е еден голем успех. Тука нема да застанеме, одиме чекор по чекор и следно за нас е плејофот. Ова е нормално еден голем мотив за нас да продолжиме понатаму. Желни сме за победи и мислам дека ќе прикажеме една добра игра и ќе имаме добра завршница до крајот на сезоната“, изјави тренерот на Крива Паланка.

Се вчитува...