Ивановски продолжува да „гази“ во Тунис

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски се пласираше во  полуфинале на ИТФ фјучрс турнирот во Монастир во Тунис.

Ивановски во четвртфиналето утрово го совлада Французинот Артур Букие со 6-2, 7-5. Станува збор за 22-годишен тенисер, кој е осми носител на овој турнир и го држи 668. место на АТП-листата, 134 позиции подолу од Ивановски.

Во полуфиналето Ивановски ќе игра против подобриот од мечот Тао Му, третиот носител од Кина и Федерико Јанаконе, шесторангираниот Италијанец.

Се вчитува...