Ивановски промовиран во дресот на Динамо Букурешт (ФОТО)

Македонскиот напаѓач Мирко Ивановски и официјално промовиран како нов член на романскиот Динамо Букурешт.

Откако се отстрани забраната за трансфери на романскиот клуб, поранешниот македонски репрезентативец и официјално промовиран во новиот дрес.

За Ивановски ова е трет предизвик во романскиот шампионат откако претходно беше дел од Астра и од Клуж. Изминативе две години, пак, беше член на унгарскиот Диошѓер.

Се вчитува...