Македонскиот тенисер Калин Ивановски по голема борба успеа да се пласира во квалификациското финале на ИТФ турнирот во Пореч откако со 2-1 во сетови го победи Србинот Марко Николиќ.
Ивановски го загуби првиот сет со 6:4 во гемови, а потоа следниот сет го доби на исдентичен начин со 6:4. Во решавачкиот сет македонскиот тенисер беше поуспешен со 10-8 на поени.
Утре во мечот за „влез“ на главниот турнир кој е во склоп на турнирите „Истраска ривијера“ ќе игра против 19-годишниот тенисер од Италија Лука Плосниќ, кој пак без борба стигна до третото квалификациско коло откако хрватскиот тенисер Лука Вуглар го предаде мечот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА