Ивановски со гол и асистенција во ремито на РОПС

Македонскиот напаѓач Филип Ивановски е најзаслужниот за ремито (2-2) на РОПС на гостувањето против Хонка во дербито на 17. коло од шампионатот на Финска.

Ивановски со убав погодок во 40. минута донесе израмнување за РОПС по претходното водство на домашните, а во 46. минута македонскиот фудбалер асистираше и за водство на гостите. Сепак, Хонка дојде до бод со гол во 84. минута.

За Ивановски ова е шестти погодок во 12 натпревари во дресот на РОПС кој е на второто место на табелата во Финска со 32 бода, седум помалку од водечкиот Хелсинки.

Се вчитува...