Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски со нов личен рекорд и второ најдобар македонски резултат на сите времиња на 1.500 метри стигна до 10. место во финалната трка на Медитеранските игри во Тарагона.
Ивановски во финалето на 1.500 метри истрча со време од 3:47.13 минути подобрувајќи го претходното време со кое истрча во полуфиналето од 3:47.91. Ова е втор најдобар резултат на Македонија на оваа дистанца зад времето на Ванчо Стојанов (3:45.97).
Во конкуренција на 12 атлетичари во финалето, Ивановски стигна до десттото место оставајќи ги зад себе Турчинот Озбилен и Гркот Димитракис.
Првото место го освои Брахим Казузи од Мароко со време од 3:37.14, пред Тунижанецот Абдесалем Ајуни, додека третото место го освои Форуд Ел Кам од Мароко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА