Ивановски со пад од четири позиции, Алкараз повторно е број 1

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски назадуваше четири места на најновата АТП листа и во моментов се наоѓа на 366. место.

Откако минатата седмица Ивановски го имаше најдобриот пласман во кариерата (362. место) оваа недела бидејќи испадна уште во квалификациите на челинџерот во полски Позњан назадуваше четири места и во моментов има 131 бод.

И на врвот оваа седмица има промени. По освојувањето на турнирот во Квинс, Карлос Алкараз повторно се врати на првото место и пред Вимблдон ќе влезе со предност од осумдесет бодови зад второпласираниот Новак Ѓоковиќ.

Во топ 10 уште се наоѓаат и: Медведев, Руд, Циципас, Руне, Рубљов, Синер, Фриц и Тиефо.

Се вчитува...