Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски не се пласираше во главниот ждреб на Челинџер турнирот во италијански Бергамо.
Тој во последното квалификациско коло во крајно неизвесен и интересен натпревар загуби од поранешниот осминафиналист на Австралија опен и Вимблдон, Казахстанецот Михаил Кукушкин со 2-1, по сетови 3-6, 7-6 и 6-4.
Нашиот тенисер одлично отвори и го доби првиот сет со 6-3. Вториот сет донесе голема борба која на крајот му припадна на искусниот Казахстанец во тај-брејкот. Во последниот сет еден бреј беше доволен за конечен триумф на Кукушкин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА