Ивановски со рекорд на патеката победник во Белград: Пресреќен сум… (ФОТО)

Најдобриот македонски атлетичар, 19-годишниот Дарио Ивановски запиша историја за македонската атлетика со победата на интернационалниот белградски полумаратон, триумфирајќи со рекорд на новата патека.

Ивановски, патеката од 21,1 километар ја истрча со време од 1 час, 10 минути и 1 секунда што е негово најдобро остварување на полумаратонски трки…

Dario Ivanovski 2

„Пресреќен сум, верував дека може да стигнам до добро остварување, а на крајот за сета моја работа изминатиов период сум награден со првото место“ – вели по трката Ивановски.

Dario Ivanovski so Igor Jakimovski

А, на полумаратонот трчаше и неговиот тренер Игор Јакимовски кој заврши на десеттото место во конкуренција на повеќе од 2.000 натпреварувачи, со време од 1:18.40…

„Ова е историја за Дарио, и добра најава за тоа што не очекува на Скопскиот маратон на 7. мај“ – ни изјави Јакимовски.

Се вчитува...