Ивановски во четвртфиналето на силниот челинџер во Романија

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски продолжува со одличните партии на силниот Челинџер турнир во романски Јаши.

Македонскиот тенисер стигна и до втората победа на челинџер турнејата откако денеска во осминафиналето во маратонски меч славеше над домашниот тенисер Филип Кристијан Јиану со 2-1, по сетови 3-6, 6-4 и 6-3.

Во четвртфиналето Ивановски за противник ќе го има Канаѓанецот, Стивен Диез кој во моментов се наоѓа на 278. место на АТП листата.

Се вчитува...