Ивановски во трилер меч до четвртфинале на фјучрсот во Монастир

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски се пласираше во четвртфиналето на ИТФ фјучрсот во туниски Монастир вреден 15.000 американски долари.

Ивановски во осминафиналето во трилер натпревар славеше над Мароканецот, Адам Мундир со 2-1 по сетови 3-6, 6-4 и 7-6. Првиот сет му припадна на мароканскиот тенисер, додека Ивановски возврати во вториот.

Во третиот сет противникот имаше предност од 3-5, но со одлична игра нашиот најдобар тенисер успеа да се врати и со три гејма во низа да поведе со 5-6. Во дванаесеттиот гејм Ивановски не искористи две меч топки, па победникот се одлучуваше во тај-брејкот. Таму Ивановски брзо поведе со 3-0, но Мароканецот се врати и тај-брејкот влезе во неизвесна завршница која на крајот му припадна на Ивановски за нов триумф во Монастир.

Во четвртфиналето Ивановски за противник ќе го има Австриецот, Себастијан Соргер кој беше подобар од четвртиот носител Французинот Робин Бертранд.

Се вчитува...