Ивановски запрен во осминафиналето на Челинџерот во Франција

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски ги заврши своите настапи на АТП Челинџерот во Франција.

Во осминафиналната пресметка, Ивановски загуби во три сета од Бугаринот Кузманов, кој е 253. место на АТП ранг листата.

Иако македонскиот тенисер го освои првиот сет со 6-4, сепак Бугаринот ги доби следните два сета со по 3-6 и, на крај, по два и пол часа игра успеа да слави.

Се вчитува...