Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски претрпе несреќен пораз во првото коло од Челинџер 100 турнирот во Јакаичи, Јапонија. Во меч кој се играше 2 часа и 39 минути тој загуби од Италијанецот Џовани Фонио во 2-1 во сетови.
Првиот сет му припадна на Ивановски кој славеше со 6-4 во гемови, а Македонецот имаше предност и во вториот сет, но сепак истиот заврши со победа на Италијанецот од 7-6 по тај-брејк.
Одлучувачкиот сет одново беше одлучен со тај-бејк во кој во играта на поени одново славеше Фонио.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА