Кошаркарскиот суперлигаш Гостивар продолжува со активностите во поглед на задржување на ростерот од оваа сезона и планирање на тимот што ќе настапува во следниот шампионат. По Александар Костоски, следен кој даде согласност за останување во Гостивар е Ивица Димчевски. Тој од 2017 година е член на гостиварци и се согласи за нова днегодишна соработка со клубот кој претендира да им биде сериозен конкурент на МЗТ Скопје Аеродром и на Работнички во битката за трофеите.
Тимот на Гостивар имаше одлична сезона до прекинот на кошаркарското првенство и ќе сака во ист стил да продолжи и следната година. Исто така, клубот се надева и на евентуален настап во АБА 2 лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА