Изабел Гулден: Одбраната и голманите го носат „клучот“ за финале

ЕКИПА во Будимпешта,

Билјана Б. Петрушева, Игор Паневски

Швеѓанката Изабела Гулден е моторната силна на ЧСМ Букурешт. Го почувствува тоа Вардар на ланскиот полуфинале на Ф4 турнир, а посебно го почувствува Ѓер во мечот за титулата. Ракометарката која во ланското финале во Ф4 против Ѓер постигна дури 15 гола и во голем стил му ја донесе првата шампионска титула на романскиот тим, одново е прва виолина во составот што сега го предводи шведскиот тренер Пер Јохансон.

ЧСМ Букурешт денеска (17.45 ч.)на Ф4 турнирот во Будимпешта, одново преку Вардар ќе се обиде да стигне до ново финале и да ја одбрани титулата во Лигата на шампионите. Гулден предупредува дека тоа воопшто нема да биде лесно, но и ги посочува главните адути на едната и на другата страна.

„Мислам дека Вардар има добар напад, многу добри играчи во нападот. Ги има Пенезиќ на едната, Лазовиќ на другата страна на бековската линија. Исто така и голманките на Вардар се одлични. Ќе биде многу тежок меч. Се надевам дека нашата одбрана ќе биде добра денеска. Имаме нов тренер и малку шведски стил на одбрана, хемијата во тимот е подобра сега и се надевам дека ќе бидеме добро подготвени за дуелот со Вардар. Што се однесува за денешното полуфинале, мислам дека клучни ќе бидат одбраната и голманите“ – вели шведската репрезентативка во дресот на ЧСМ Букурешт.

Се вчитува...