Изборен шампионат во борење за пионери и младинци во Штип

Денеска со почеток од 10 часот во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип ќе се одржи Државното изборно првенство во борење за пионери и младинци.

Шампионатот ќе се одрижи без публика, согласно протоколите за одржување спортски натпревари во време на пандемија.

На првенството најавено е учество на околу 140 млади борачи, меѓу кои и најистакнатите македонски млади борачи Бесир Алили од Лирија кој е европски кадетски шампион, како и Стефан Штерјов од Балканец, кој беше петти на последното европско првенство.

Се вчитува...