Изборно собрание на ФФМ на 17. март

Фудбалската федерација на Македонија го закажа долго очекуваното Собрание за избор на нов претседател на 17. март во Охрид.

Управниот одбор на ФФМ на денешната седница одлучил Собранието да биде поместено во март, како до крајот на февруари претходно Општинските фудбалски сојузи би имале простор да се изјаснат со кандидатури за нов претседател на федерацијата, по минатогодишната оставка на Илчо Ѓорѓиоски.

Како што е познато од претходно, кандидатура на новото Собрание за избор на претседател најавија актуелниот в.д претседател Мухамед Сејдини, како и Влатко Костов и Вујадин Станојковиќ. Од претходните кандидати единствено, поради старосната граница, нема да има можност за кандидатура Хари Хаџи-Ристески.

Се вчитува...