’Изгорените’ фудбалски таленти: Балотели, Јанузај, Македа…

За да бидете успешни во фудбалски план, треба да ги почитувате правилата кои ги налага овој спорт и напорно да работите на свое усовршување. Честопати, клубовите прават ризик кога ’фрлаат во оган’ многу млади фудбалери, кои се вонсериски таленти. Тие рано се соочуваат со предизвикот што го носи статусот на ѕвезда, но тоа несекогаш мора да значи и дека ќе го имаат најдобриот развоен пат.

Ова се неколку фудбалери од кои многу се очекуваше, но не покажаа квалитетни партии во клубовите каде настапуваат…

ЏЕК ВИЛШИР

Vilsir

Тој беше фудбалска ѕвезда која ветува, а челниците на Арсенал веруваа дека ќе биде вистински наследник на Цеск Фабрегас на „Емирати“. Сепак, кариерата на Вилшир имаше строглав пад, пред се поради бројните повреди кои не му дозволија да го покаже целиот свој потенцијал. Тој замина на позајмица во Бурнемаут и тешко е да се очекува дека за него има иднина во дресот на „топчиите“.

АДНАН ЈАНУЗАЈ

Januzaj

Кога во 2013 година, Јанузај настапи во првиот состав на Манчестер јунајтед, тој ја воодушеви публиката, со своите технички способности и одлични дриблинзи. Јанузај брзо се искачи на врвот на славата, но, за жал, не успеа да се задржи во фудбалските височини. Немаше напредок во играта и беше испратен на позајмица во Борусија Дортмунд, каде не успеа да ги подобри своите изданија, а моментно го носи дресот на Сандерленд.

МАРИО БАЛОТЕЛИ

Baloteli

Италијанското лошо момче никогаш не успеа да го покаже својот фудбалски потенцијал, а во кариерата настапуваше за Интер, Манчестер сити, Милан, Ливерпул. Тој во текот на целата кариера беше поврзуван со многу контроверзи во и надвор од теренот, а оваа година се обидува во Ница да ја ’воскресне’ својата кариера. Но, со Балотели… никогаш не се знае. Тој е магнет за медиумите, но и не го искористи својот потенцијал до максимум.

ФЕДЕРИКО МАКЕДА

Manchester United v Aston Villa

На свои 17 години тој настапи во првиот состав на Манчестер јунајтед и постигна неколку одлучувачки погодоци за „ѓаволите“. Публиката веднаш го засака, но Македа не успеа да го издржи притисокот на славата и после тоа следеа неколку позајмици, кои го фрлија играчот во заборав. Моментно настапува за италијанскиот клуб Новара.

Се вчитува...