Изјавата на Пиоли што „росонерите“ не можат да му ја простат

Пропадна варијантата Лучијано Спалети да седне на клупата на Милан, по што челниците на клубот се свртеа кон Стефано Пиоли. Поранешниот стратег на Интер, Лацио и Фиорентина во следните 24 часа ќе биде официјално именуван за наследник на Џампаоло, но навивачите не го кријат незадоволството што изборот падна врз овој стратег, кој има сосема просечно тренерско реноме на Апенинскиот полуостров.

Такво имаше и Џампаоло, кој експресно ќе си замине од клупата, но фановите не можат да му простат еден друг „грев“ на Пиоли, од неговата промоција како тренер на Интер во 2016 година.

„Цел живот сум „Интерист“, тоа никогаш нема да се промени“ – истакна тогаш Пиоли, изјава која според навивачите е доволна причина тој никогаш да не седне на клупата на Милан.

Бобан и Малдини сепак имаат поинакво гледиште, па веќе договорија двогодишна соработка со овој стратег, за плата од 1,5 милиони евра по сезона.

Се вчитува...