Излезе полугол на „минус четири“ во Пекинг – ова е „херојот“ на отворањето на ЗОИ

Бројни спортисти продефилираа на денешното свечено отворање на Зимските Олимписки Игри во Пекинг, но во центарот на вниманието неочекувано се најде единствениот натпреварувач од Самоа, Нејтан Икон Крамптон.

Причина – неговиот „стајлинг“ откако Крамптон излезе полугол на свеченото дефиле, иако температурата во Пекинг во тие моменти изнесуваше минус четири целзиусови степени.

Тоа очигледно не му пречеше на овој натпреварувач во скелетон да се појави на отворањето во традиционална облека од неговата земја.

Она што е интересно е што Крамптон минатото лето беше дел и од летните ОИ во Пекинг, кога се натпреваруваше во квалификациите за атлетската трка на 100 метри, остварувајќи време од 11,27 секунди.

Се вчитува...