Изненадувачка одлука: Баерн Минхен постигна договор со новиот тренер!

Веќе е извесно кој ќе го наследи Томас Тухел на кормилото на Баерн Минхен кога ќе заврши сезоната. Јасно е дека Тухел си заминува од таборот на „Баварците“, и покрај тоа што со својот тим е во битка за трофејот во Лигата на шампионите.

Голем дел од германските медиуми пишуваат дека Баерн веќе постигнал договор со неговиот наследник. Тоа е никој друг туку Јулијан Нагелсман, кој во март минатата година беше неочекувано избркан од клупата на „Баварците“, и тоа додека бил на скијање.

Одлуката да биде сменет дошла во момент на пауза  во првенството, и додека тимот и натаму беше во битка за титулата во Германија, а потоа Тухел дојде, и некако на крај успеа во последното коло да ја обезбеди титулата.

Нагелсман во моментов ја врши улогата селектор на Германија, но неговиот договор истекува по завршувањето на ЕВРО 2024. Засега нема најави за негово продолжување, со што има отворен пат да се врати и да ја доврши работата со „Баварците“.

Се вчитува...