Изненадувачки избор за МВП на фајналфор-турнирот

Германскиот репрезентативец Хендрик Пекелер го доби признанието за МВП на фајналфор турнирот во Келн, што заврши со триумф на Кил во големото финале против Барселона.

„Зебрите“ имаа бројни врвни играчи на овој завршен турнир, Ландин бранеше феноменално, Екберг блескаше во нападот, но Пекелер одигра подеднакво добро и во нападот и во одбраната, што се чини беше клучен фактор за тој да го добие ова големо индивидуално признание.

Се вчитува...