Изненадувачки потег на Барселона за замена за Дембеле

Барселона ќе остане без услугите на Усман Дембеле кој заминува во ПСЖ. Ова го откри и тренерот Чави кој кажа дека е разочаран од Французинот, кој на крајот дал збор на челниците на тимот од Париз за негов трансфер од 50 милиони евра.

Тимот од Каталонија веќе бара негова замена, а последните информации говорат дека ветеранот Алексис Санчез е потенцијална замена за Дембеле. Санчез настапуваше во Барселона од 2011 до 2014 година, пред да замине во Арсенал.

Единствен добар потег е тоа што челниците на Барселона ќе го донесат овој играч како слободен, со оглед дека му истече договорот со Олимпик Марсеј, за кој настапуваше минатата сезона. Во минатото играше и во Интер, Манчестер Јунајтед и Удинезе, а беше позајмуван и во Коло Коло и Ривер Плејт.

Се вчитува...