Изненадувачки трансфер: Фудбалер на Тотенхем за 40 милиони се сели во Кристал Палас

Крилниот напаѓач на Тотенхем, Бренан Џонсон, ќе го напушти лондонскиот клуб, но не и Лондон, потврди „Скај Спортс“.

Според овој извор, Тотенхем прифатил понуда вредна 40.000.000 евра, за напаѓачот кој не е во плановите на Томас Франк. Тој помина само 600 минути на теренот во Премиер лигата оваа сезона, најчесто влегувајќи од клупата, постигнувајќи два гола, по еден во Лигата на шампионите и Лига купот. 

Во споредба со минатата сезона кога одигра дури 51 натпревар во сите натпреварувања и помина над 3.000 минути на теренот, јасно е дека младиот напаѓач не можеше да биде задоволен од својот статус и логично одлучи да си замине.

Тотенхем ја прифати понудата на Кристал Палас од 40.000.000 евра, а Џонсон сè уште чека да ги разјасни личните услови со Палас.

Оливер Гласнер на тој начин ќе добие големо засилување во нападот, бидејќи Џонсон ќе биде опција покрај Јереми Пино, Исмаил Сар и Нкетиja. 

Се вчитува...