Изненадувачки трансфер во ПСЖ: Доаѓа корејски интернационалец од Мајорка

ПСЖ наскоро ќе ги заврши преговорите со корејскиот интернационалец Канг-ин Ли кој игра во Мајорка. Станува збор за 22-годишен играч за врска кој оваа сезона постигна шест гола и запиша седум асистенции во 39 настапи за шпанскиот клуб.

Кариерата ја почна во Јужна Кореја, а во 2011 година доаѓа во младинскиот тим на Валенсија. Мајорка го доведе како слободен играч пред две години.

Неговиот трансфер во Париз се проценува на 22 милиони евра. Ова е изненадувачки трансфер, со оглед дека во ПСЖ во изминатите неколку години се споменуваа големи имиња како засилувања.

Се вчитува...