Изненадувачки вести од Бугарија: Грнчаров си оди од Вардар и продолжува во Ботев!?

Капитенот Бобан Грнчаров е без сомнение најсилната алка во вардаровиот состав изминативе години. Човекот на кого во огромна мера се потпира комплетната игра на „црвено-црните“ во дефанзива. Токму затоа и изненадувачка е веста утрово лиферувана од бугарскиот „Меридиан мач“ за негова можна преселба во Ботев Пловдив.

Грнчаров во изјава за „Меридиан мач“ потенцира дека е отворен за заминување во Ботев, притоа нагласувајќи го и она што многумина, подобро упатени во фудбалските случувања во Македонија, добро го знаат за лошата финансиска ситуација во клубот изминатите месеци…

„Разбравме дека ќа има катаклизма во нашиот клуб ако не се пласираме во групите. Но, дури и при успех сега ситуацијата може да се промени. Јас сум отворен за понуда од Ботев, кој е клуб кој ми бил во срцето. Сакам повторно да се вратам и да играм во Пловдив каде имам многу пријатели“ – вели Грнчаров.

grncarov

Според шпекулациите, има понуди и за уште неколку фудбалери од Вардар кои би можеле до крајот на преодниот рок да реализираат трансфери. Но, со пласманот од групите во Лигата на Европа планот е сега да се задржат сите за настапите на европската сцена. Претходно Вардар го напушти само Балотели кој ја продолжи кариерата во Катар.

Се вчитува...