Изненадување: Бразил го ангажира Јоаким Лев!?

Поранешниот германски селектор Јоаким Лев, е еден од најсериозните кандидати да го презеде кормилото на репрезентацијата на Бразил, тврди германскиот „Билд“. Бразил е без селектор после Мундијалот во Катар кога Тите си поднесе оставка по поразот во 1/4 финалето од Хрватска на пенали.

Во меѓувреме, многу познати тренерски имиња се споменуваа на бразилската клупа како Гвардиола, Зидан, Анчелоти, Далиќ…

Лев беше селектор на Германија од 2006 до 2021 година, и во 2014 година се закити со златниот медал на Мундијалот во Бразил. Во полуфиналето ја совлада селекцијата на Бразил со убедливи 7-1.

Четири години порано го освои третото место на Мундијалот во Јужна Африка. Играше и финале на Европско во 2008 година.

Се вчитува...