Данска е првиот финалист на СП во Алжир откако скандинавската селекција во фантастичен натпревар го совлада составот на Франција со резултат 37-34. „Триколорите“ како бранители на трофејот важеа за апсолутни фаворити, но потфрлија во одбраната, не наоѓајќи лек за нападите „седум на шест“ на Данците, кои на овој начин го разбија голманот Мејер и стигнаа до големото финале.
Данска го контролираше резултатот во поголемиот дел од натпреварот, имаше и водство од 14-10 и промашен пенал, по што им дозволи на „триколорите“ да се вратат и на полувреме да се замине со само еден гол разлика (17-16). „Црвено-белите“ го контролираа резултатот до крај, пред се благодарение на извонредниот напад „седум на шест“ кој што функционираше без грешка и целосно ги исфрли од ритам голманите на шампионите. Франција стигнуваше до израмнување, но не успеваше да направи пресврт. Резултатот беше 33-33, па потоа и 34-34, но не успеа да го издржи темпото во нападот до самиот крај, па Данска стигна до заслужена победа од 37-34.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА