ИЗНЕНАДУВАЊЕ ИЛИ…?: Италија ќе ја пречека Македонија во Палермо, втора опција е Болоња!?

Стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо најверојатно ќе биде домаќин на бараж натпреварот помеѓу Италија и Македонија, јавуваат италијанските медиуми. Ова е изненадување, со оглед дека досега италијанската репрезентација ги играше натпреварите во Рим, Милано, Торино, Фиренца, Џенова…

На овој стадион италијанската репрезентација досега има одиграно десетина натпревари, последниот во 2019 година со Ерменија во кој триумфираа со 9:1. Можеби е некое тактичко изненадување, со оглед дека на овој стадион од 15 меча, Италија има само еден пораз од Хрватска и едно реми со Чешка.

Доколку се случи нешто да не се игра на овој стадион, тогаш втора опција е стадионот во Болоња „Ренато Дал’Ара“.

Палермо е добро познат стадион на нашите Александар Трајковски и Илија Несторовски кои неколку години беа дел од тимот на Палермо.

Се вчитува...