Изненадување: Јубанкс го елиминира Циципас во осминафиналето на Вимблдон

Американецот Кристофер Јубанкс го елиминираше Стефанос Циципас во осминафиналето на Вимблдон. Грчкиот тенисер важеше за фаворит на средбата, но по голема борба 43. рангираниот тенисер успеа да слави со 3-2.

Циципас го доби првиот сет со 6-3, но по тај-брејк Јубанкс успеа да изедначи на 1-1. Третиот сет одново беше во знакот на Гркот кој славеше со 6-3, но Американецот беше оној кој успеа да изедначи, а потоа и да се радува на пласман во четвртфиналето добивајќи ги следните две сета со 6-4.

 

Се вчитува...