Изненадување: Јуве ќе го промовира Роналдо „зад затворени врати“

Јувентус со мега-трансферот на Кристијано Роналдо предизвика фудбалски „земјотрес“ на Апенинскиот полуостров, но челниците на „старата дама“ ги разочараа своите најверни навивачи со одлуката промоцијата на Португалецот да се одржи зад затворени врати, без присутво на фановите.

Најавено е дека Роналдо веќе в понеделник ќе пристигне во Торино, каде ќе ги мине лекарските прегледи и ќе го потпише договорот, по што ќе го има и првото обраќање пред медиумите како член на најтрофејниот италијански клуб.

Претходно беше најавувано дека за крајот од „Денот на Роналдо“ тој ќе се појави и на стадионот „Алијанц“ во Торино, пред илјадници фанови, но ова сценарио во последен момент беше избришано од програмата.

Сепак, се очекува огромен број на навивачи да се појават на аеродромот во Торино, каде ќе имаат можност за првпат да се сретнат со својот нов фудбалски идол во дресот на „старата дама“.

Се вчитува...