Изненадување на стартот: Гофан „спакуван“ од италијански тинејџер

Првиот натпреварувачки ден на Ролан Гарос го донесе и првото поголемо изненадување, откако својот настап на францускиот гранслем турнир експресно го заврши единаесеттиот носител Давид Гофан, кој загуби со 0-3 во сетови од италијанскиот тинејџер Јаник Синер.

Првиот сет беше израмнет до 5-5, за потоа Синер да почне да доминира на теренот, Италијанецот освои дури 11 гејма во низа, поведе со 2-0 во сетови и оствари предност од брејк во третиот сет, по што рутински го приведе мечот до крај (7-5, 6-0, 6-3). Ова беше втор триумф на Синер над Гофан, откако младиот италијански тенисер го доби и нивниот меѓусебен дуел во Ротердам на почетокот од годинава.

Почетокот на женскиот дел од турнирот мина според очекувањата, Халеп рутински триумфираше над Сорибес Тормо од Шпанија со 6-4, 6-0, додека Азаренка исто така со максимални 2-0 славеше над Црногорката Данка Ковиниќ.

Се вчитува...