Нико Паз ќе продолжии да ги брани боите на Комо откако раководството на најголемата сензација во Серија А успеа да постигне нов договор со Реал Мадрид и пвоторно да го откупи аргентинскиот плејмејкер во своите редови.
Паз беше меѓу најзаслужните што Комо стигна до место во ЛШ за наредната сезона, но Реал летово ја искористи клаузулата за да го врати во Мадрид за сума од 10 милиони евра. Шпанскиот гигант веднаш потоа објави дека Мурињо не смета сериозно на овој фудбалер, но дека „кралевите“ би биле задоволни само со понуди од околу 60 милиони евра за овој фудбалер.
Цеск Фабрегас и раководството на Комо за помалку од 24 часа сепак постигнаа договор под далеку попримамливи услови. Комо ќе плати далеку под ова а сума од 60 милиони, а разликата ќе биде покриена со тоа што Реал вметнал клаузула за значителен процент од наредниот трансфер, опција од која на крајот биле задоволни двете страни.
Тренерот Фабрегас во меѓувреме го убедил и самиот Паз да остане во Комо и да игра ЛШ со овој тим,, па Аргентинецот ќе потпише петгодишен договор со италијанскиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
