Изненадување од Островот: Кристијано Роналдо доаѓа на „Стемфорд бриџ“?

Англискиот премиерлигаш Челси сака да го врати Кристијано Роналдо на Островот. Оваа вест дефинитивно го изненади фудбалскиот свет во пост – коронакризата, но идејата доаѓа директно од Роман Абрамович кој е подготвен да потроши огромни пари за да го врати Португалецот во Премиер – лигата. Наводно, понудата на Челси ќе изнесува 120 милиони евра, што секако звучи примамливо и за Јувентус.

Супер-агентот Жорге Мендеш веќе почнал со првичните разговори за овој мегатрансфер. Кристијано Роналдо нема ништо против да се врати во Англија, а и неговото семејство секако би било среќно со животот во Лондон. Според првичните разговори, португалската ѕвезда е подготвена и за намалување на сегашната плата, доколку Челси се согласи да плати 120 милиони евра отштета за неговиот трансфер.

Челси го купи Хаким Зијеш од Ајакс, во преговори е и со Николас Талјафико, блиску до реализација е и трансферот на Тимо Вернер, а кај менаџерот Франк Лампард постои заинтересираност и за Каи Хаверц. Сепак, вистинска бомба би било враќањето на Кристијано Роналдо на Островот.

Португалецот во периодот од 2003 до 2009 година го носеше дресот на Манчестер Јунајтед во Премиер – лигата.

Се вчитува...