Изненадување во Валенсија – Уникаха го освои Еврокупот

Кошаркарите на Уникаха остварија огромен успех закитувајќи се со титулата во Еврокупот, откако во мајсторката против Валенсија славеа на гостински терен со 58-63. Откако во претходните две средби домашните екипи забележаа очекувани победи, Валенсија важеше за фаворит на оваа средба, но гостите од Малага со фуриозна игра во последната четвртина стигнаа до голем триумф.

Имено, Валенсија во последниот период имаше предност од 13 поени, но Уникаха одговори со серија од 18-0, го сврте резултатот во своја полза и се закити со титулата, која му обезбедува на овој тим и место во Евролигата во следната натпреварувачка сезона.

Алберто Диаз, кој постигна 12 поени и беше најефикасен кај Уникаха при денешната победа, беше избран за МВП на финалната серија во Еврокупот.

Се вчитува...