Израелците денеска очигледно расположени на „Тодор Проески“: Утре нека биде „друга песна“… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Репрезентативците на Израел по денешното пристигнување во Скопје го одработија и официјалниот тренинг на националната арена „Тодор Проески“ пред утрешниот натпревар со Македонија, последен во квалификациите за ЕП 2020.

Израелците го почувствуваа теренот на нашиот најголем стадион, очигледно восхитувајќи се и на изгледот на арената… Па, не изостанаа дури и меѓусебни фотографии за спомен со оглед на фактот дека селекторот Андрес Херцог им дозволи полесен тренинг, главно преку релаксирана атмосфера со многу забава на терен. Мечот нема резултатско значење и за двете селекции, но јасно е дека и Македонија и Израел посакуваат со победа да ги заокружат овие квалификации…

 

 

Се вчитува...