Израелците се крстат во навивачите: Продадени 13.000 билети за мечот со Македонија

Во таборот на израелската репрезентација како еден од своите најголеми адути за триумф на квалификацискиот натпревар против Македонија кој вечерва од 20:45 часот се игра во Бер Шева ги сметаат навивачите.

Според последните информации, продадени се 13.000 билети за дуелот кој ќе се игра на „Јаков Тарнер Тото“ стадионот во Бер Шева чиј капацитет е 16.000 седишта. Фактот дека натпреварите на израелската репрезентација на овој стадион секогаш се играат пред полн стадион беше и причината што Израелската федерација ја одбра Бер Шева за домаќин на натпреварот против Македонија.

„Навивачите ќе ни бидат повеќе од неопходни ако сакаме да дојдеме до триумф. Знаеме дека во Бер Шева секогаш имаме огромна поддршка од трибините, и верувам дека така ќе биде и против Македонија“ – истакна селекторот на Израел, Енди Херцог.

Израел на овој стадион играше минатата година во Лигата на нациите против Албанија кога славеше со 2-0. Тогаш натпреварот се одигра пред 15.000 гледачи.

Се вчитува...