Израелците се спасуваа, се спасуваа…, но Николов донесе водство во 45. минута (ВИДЕО)

Македонската репрезентација одигра одлично прво полувреме во последниот натпревар од квалификациите за ЕП 2020, против Израел, во кое по шест извонредни можности стигна до предност од 1-0 со голот на Бобан Николов во првата минута од судиското продолжение.

Избраниците на Игор Ангеловски фуриозно го почнаа мечот со две 100% шанси во првите две минути. Најпрво Барди уште во 50-та секунда одлично продре во гостинскиот шеснаесетник се обиде да пласира во спротивниот агол, но за малку непрецизно. Веќе по 40 секунди и Елмас во брз контранапад од извонредна позиција шутира но одбрани гостинскиот голман.

Во 19. минута, по одличното проигрување од расположениот за игра Барди, и Тихомир Костадинов во шанса за погодок но и неговиот шут од 15 метри за малку непрецизен.

Доминацијата на Македонија продолжи и понатаму, па во 32. минута Елмас одлично шутираше од 7-8 метри по корнерот од десната страна, но на самата гол брани Харуш.

Во 36. минута и гредата ги спаси Израелците. Барди извонредно шутираше директно од слободен удар од левата страна, но ја погоди гредата од голот на гостите. Во 43. минута, Бобан Николов одлично шутира за малку покрај левиот дирек од голот на Израел, за да конечно во првата минута од судиското продолжение по корнерот од левата страна и одбиената топка Николов со шут од прв од 12 метри да донесе сосема заслужена предност…

Се вчитува...