Изречени казните: НБА покажа милост за Јокиќ

Никола Јокиќ ќе мора да паузира еден натпревар поради инцидентот што МВП-кошаркарот од ланската сезона го направи на мечот со Мајами, кога го турна на земја Маркиф Морис, немила случка на која и претходеше груб старт на Морис врз Јокиќ.

Американските медиуми во текот на вчерашниот ден најавуваа и подолга суспензија, но НБА покажа милост кон Србинот казнувајќи го со само еден меч неиграње. Како што се објаснува во одлуката, се што направил Јокиќ било удирањето на противникот, по што воопшто не тргнал во натамошен конфликт, враќајќи се на клупата. Неговото однесување е протолкувано како реакција на старт врз него што можеше да го повреди центарот на Денвер.

Маркиф Морис ќе мора да плати 50.000 долари поради иницирање на инцидент со провокаторски и неспортски прекршок, а парична казна од 30.000 долари доби уште еден кошаркар на Мајами,Џими Батлер, кој повикуваше на тепачка иницирајќи уште поголем инцидент.

Се вчитува...