„Извини Новак ама Рафа е многу подобар од тебе, мора да се помириш со тоа“

Дебатата за тоа кој е подобар тенисер, дали Новак Ѓоковиќ или Рафаел Надал е дебата која никогаш нема да добие единствен одговор, но кога станува збор за голф според Каспер Руд нема дилеми.

Говорејќи за „Tennis TV“ норевешкиот тенисер доби интересно прашање за тоа кој е подобар голф играч од овие двајца, а според Руд несомнено тоа е Шпанецот, нешто со што Србинот мора да се помири.

„Рафа, Рафа е подобар. Извини Новак, но… го имаш победувано Рафа на тениски терен, но не можеш да го победиш во голф и ќе мораш да живееш со тоа“, изјави низ смеа Руд.

Се вчитува...