Извлечени групите за Супер-лигата: Битолчани едни против други, Вардар со Бутел, Охрид…

Шампионот Вардар ќе биде носител во групата А од новата сезона во Супер-лигата, беше одлучено со денешната ждрепка за сезоната 2022/23 од елитното македонско ракометно друштво.

Според промената на системот на натпреварување, 16-те екипи се поделени во две групи од по осум, а најдобрите четири од секоја група ќе обезбедат место во плејофот.

Вардар за ривали ќе ги има Бутел, Охрид, Прилеп, Струга, Алкалоид, Вардар Неготино и Куманово.

Во групата Б се најдоа двете екипи на Е. Пелистер, потоа Тиквеш, Радовиш и четирите скопски екипи, Пролет, ГА, Јуниор Кисела Вода и Скопје.

ГРУПА „А“: Вардар, Бутел, Прилеп, Охрид, Струга, Алкалоид, Вардар (Н), Куманово

ГРУПА „Б“: Е. Пелистер, Е. Пелистер 2, Тиквеш, Пролет, Радовиш, ГА, Јуниор К. Вода, Скопје

Се вчитува...